Кус
историјат на
Европската
Унија
Денешната
Европска
Унија
потекнува од
Декларацијата
на Роберт
Шуман од 9 мај
1950 година. Таа
беше
замислена
како начин
за
сочувување
на мирот т.е.
како еден
нов поредок
во Западна
Европа што
би се
темелел врз
заеднички
интереси на
народите и
нациите и би
бил заснован
врз договори
со кои би се
гарантирало
владеење на
правото и
еднаквост
меѓу сите
земји.
Земјите што
некогаш се
бореа меѓу
себе,
требаше да
го здружат
производството
на јаглен и
челик под
капата на
еден
заеднички “Висок
управен
одбор”.
Белгија,
Франција,
Германија,
Италија,
Луксембург и
Холандија во
1951 година со
Договорот од
Париз ја
формираа
Европската
заедница за
јаглен и
челик.
Активностите
на
заедницата
беа
ограничени
на создавање
на заеднички
пазар за
јаглен и
челик на
шестте
држави. Во 1957
година таа
заедница со
Договорот од
Рим прерасна
во Европска
Економска
Заедница (ЕЕЗ)
која се
темели на
слободно
движење на
работна сила,
стоки и
услуги. На 1
јули 1968,
царините
меѓу шестте
земји беа
сосема
отстранети.
Успехот
на шестте
држави ги
поттикна
Данска,
Ирска и
Обединетото
Кралство да
се зачленат
во
Заедницата
во 1973 година.
Ова прво
проширување,
со кое
бројот на
членки се
зголеми од
шест на
девет, ги
прошири и
задачите на
Заедницата;
сега таа
имаше и
одговорности
и во областа
на
социјалната
и
регионалната
и политиката
за животната
средина.
Следните
проширувања
на
Заедницата
се: Грција во
1981, Шпанија и
Португалија
во 1986, и
Австрија,
Финска и
Шведска во 1995
година.
Европската
Економска
Заедница
прерасна во
Европската
Унија со
Договорот од
Мастрихт од 1992
година,
додека со
Договорот од
Амстердам 1997
година е
основана
заедничка
надворешна и
безбедносна
политика,
слобода на
движење,
европско
граѓанство,
монетарна
унија и
поблиска
соработка
врз законски
прашања на
Унијата.
Унијата сега
имаше 15 земји-членки
кои се
залагаа за
дотогаш
најспектакуларното
достигнување
- заменување
на
националните
валути со
единствена
европска
валута,
еврото. На 1
јануари 2002
година,
банкнотите и
монетите на
еврото
влегоа во
употреба во 12
земји на ЕУ (“евро
зона”). Денес
еврото е
една од
светските
валути, со
статус
сличен на
доларот на
САД.
Петтото
проширување
на
Европската
Унија се
случи на 1 мај
2004 година кога
и се
приклучија 10
нови земји.
Ова
проширување
има морална
и политичка
димензија
затоа што
стави крај
на
поделеноста
на нашиот
континент.
Новите
членки на ЕУ
се: Кипар,
Чешка
Република,
Естонија,
Унгарија,
Летонија,
Литванија,
Малта,
Полска,
Словачка и
Словенија.
Шестото проширување на ЕУ се случи на 1
јануари 2007 година кога и се приклучија 2 ниви земји: Бугарија и Романија.
Денес ЕУ
има 27 земји
членки. Во
декамври 2004 ЕУ започнаа
преговори за
формално
пристапување
на Турција.
Во декамври 2004 Македонија стана земја кандидат за челенство во ЕУ.
Европскиот
совет зацрта
три основни
критериуми
што земјите
кандидатки
мораат да ги
исполнат
пред да и се
придружат на
ЕУ.
Првиот
е политички
критериум:
земјите
кандидатки
мораат да
имаат
стабилни
институции
кои ќе
гарантираат
демократија,
владеење на
правото,
човекови
права и
почитување и
заштита на
малцинствата.
Вториот
е економски
критериум:
Земјите
кандидатки
мораат да
имаат
функционална
пазарна
економија и
да се во
можност да
се справат
со
притисокот
на
конкуренцијата
и пазарните
сили внатре
во Унијата.
Третиот
критериум
подразбира
способност
да се
превземат
обврските
што ги носи
членството
во ЕУ,
вклучувајки
и
придружување
кон целите
на
политичката,
економската
и
монетарната
унија. Тоа
значи дека
земјите
кандидатки
мораат да го
усвојат
севкупното
тело на
правото на
ЕУ - познато
како acquis
communautaire.
Институции
на
Европската
Унија
Европската
унија е
повеќе од
конфедерација
на земји, но
не е
федерална
држава. Таа е
нешто ново и
единствено.
Земјите
членки во
Унијата
пренесуваат
дел од
својот
национален
суверенитет
на
заедничките
институции
кои ги
претставуваат
не само
интересите
на одделните
земји туку и
нивните
заеднички
интереси.
Прописите
заедно со
политиките
на ЕУ се
резултат на
одлуките што
ги носат
трите
најважни
институции:
-
Совет на
Европската
унија (кој ги
претставува
земјите-
членки)
-
Европскиот
парламент (кој
ги
претставува
граѓаните) и
-
Европската
комисија (политички
независно
тело кое ги
поддржува
колективните
европски
интереси).
Овој “институционален
триаголник”
може да
функционира
само ако
овие три
институции
тесно
соработуваат
и меѓусебно
си веруваат.
Институциите
се
комлементарни
една со
друга, а
секоја има
своја улога
во процесот
на
одлучувањето.
Советот
на
Европската
Унија или Советот
на Министри
(The Council of the European
Union). Ова е
водечко
одлучувачко
тело на
Унијата.
Советот е
составен од
министри на
земјите-членки
и е надлежен
за следните
области:
надворешни
работи,
земјоделство,
индустрија,
сообраќај,
човекова
околина итн.
Советот ја
донесува
легислативата
на Унијата (донесува
одлуки,
прописи и
директиви).
Тој е
законодавно
тело кое
својата
функција ја
дели со
Европскиот
Парламент.
Советот и
Парламентот
имаат
заедничка
контрола врз
буџетот на
Унијата.
Советот е
тој што ги
усвојува
меѓународните
договори за
кои
преговара
Комисијата.
И на крај
Советот е
одговорен за
координација
на општите
економски
политики на
земјите
членки.
Одлуките се
донесуват
едногласно,
со просто
мнозинство и
со
квалифицирано
мнозинство (232
гласови од
вкупно 321 т.е. 72,3%).
Со
квалифицирано
мнозинство
се одлучува
за:
иницијативи
за
вработување,
еднакви
можности за
мажите и
жените,
борба против
социјална
изолација,
здравство,
мерки против
измами,
транспарентност,
соработка
кај царински
служби,
статистика,
екстремно
периферни
региони и
усвојување
на Програми
за
истражување.
Административната
работа на
Советот ја
врши
Генералниот
Секретарјат
со седиште
во Брисел.
Бројот на
гласови што
секоја земја
на ЕУ може да
ги даде е
генерален
одраз на
големината
на нејзиното
население:
Франција,
Германија,
Италија и
Обединетото
Кралство
имаат по 29
гласа секоја;
Шпанија и
Полска имаат
по 27 гласови
Холандија
има 13 гласови
Белгија,
Чешка
Република,
Грција,
Унгарија и
Португалија
имаат по 12
гласови
Австрија и
Шведска
имаат по 10
гласови
Данска,
Ирска,
Литванија,
Словачка и
Финска имаат
по 7 гласови
Кипар,
Естонија,
Летонија,
Луксенбург и
Словенија
имаат по 4
гласови и
Малта има 3
гласа.
Европски
Совет
(The European
council) ги
обединува
претседателите
и премиерите
на сите
земји на ЕУ и
претседателот
на
Европската
комисија. Со
него
претседава
претседателот
или
премиерот на
државата што
го има
тековното
претседателство
во Советот
на
Европската
унија. Со
договорот од
Мастрихт
Европскиот
Советот
стана
службен
двигател на
поважните
политики на
Унијата и
доби
надлежност
да решава за
тешки
прашања што
министрите (кои
се среќаваат
во Советот
на
Европската
унија)
претходно не
успеале да
ги решат.
Европски
Парламент
(The European
Parliament) е тело
составено од
786 пратеници.
Членовите на
Европскиот
парламент,
кои се
избираат
директно
уште од 1979
година, не се
национални
делегации,
туку
политички
групи. Ова
тело
обезбедува
демократски
форум за
расправа.
Тој ја има
надзорнта
функција и
улога на
законодавно
тело. Своите
планарни
седници
Парламентот
го држува во
Стразбург, а
дополнителните
седници во
Брисел.
Парламентот
има свој
Генерален
секретарјат
кој се наоѓа
во
Луксембург.
Парламентот
ја дели
својата
функција со
Советот на
Министри:
учествува во
подготовките
на нацрт
директивите
и прописите
и предлага
амандмани
кои потоа
Комисијата
треба да ги
инкорпорира
во своите
предлози.
Договорот од
Мастрихт ги
прошири
надлежностите
на
Парламентот
со тоа што му
овозможи
заедничко
одлучување
со Советот
на Министри
во одредени
области:
слободно
движење на
работната
сила,
слободно
основање на
бизниси,
слобода на
давање
услуги,
единствен
пазар,
образование,
истражувања,
човекова
околина,
трансевропски
мрежи,
здравство,
култура и
заштита на
потрошувачите.
Парламентот
е тело кое
врши
демократска
контрола врз
Унијата. Тој
има моќ со
усвојување
на предлог
за
изгласување
недоверба да
ја распушти
Комисијата.
Парламентот
го
надгледува
правилното
спроведување
на
политиките
на ЕУ.
Склучувањето
на
меѓународните
договори за
соработка
или
придружно
членство,
како и секое
ново
проширување
на Унијата
со нови
членки,
подлежи на
ратификација
т.е.
Одобрување
од
Европскиот
Парламент.
Тој форум на
преставници
на држави е
место кое ги
сплотува
сите
политички и
национални
чувства на
граѓаните од земјте челенки на ЕУ.
Европската
Комисија
(The European
Commission)е една од
клучните
институции
на ЕУ.
Комисијате е
составена од
преставници-комесари
од сите
држави од ЕУ.
Секоја земја
има по еден
комесар.
Земјите-членки
ги именуваат
комесарите
со заедничка
согласност,
а
Парламентот
ги одобрува.
Европскта
Комисија ги
претставува
интересите
на
Заедницата.
Таа ја “надгледува”
примената на
прописите и
директивите
на Советот и
може да се
обраќа до
Судот на
Правдата
доколку
смета дека
не се
применуваат
законите на
Заедницата.
Комисијата е
извршно тело
кое ги
спроведува
одлуките на
Советот, но
има и
овластувања
при
спроведување
на заедничка
политика во
областа на
истражувањата
и
технологијата,
помош за
земјите во
развој и
регионално
поврзување.
Комисијата
одговара
пред
Парламентот
и, доколку
Парламентот
и изгласа
недоверба,
Комисијата
мора да
поднесе
колективна
оставка.
Службите на
Комисијата
се наоѓа во
Брисел и
Луксембург.
Комисијата
има
сопствени
финансиски
извори и тоа
и овозможува
да ги
извршува
своите
обврски
сосема
независно.
Судот
на Правда
(The Cour of Justice of European
Communities) со седиште
во
Луксенбург,
го
сочинуваат
по еден
судија од
секоја земја-членка
на ЕУ и осум
јавни
правобранители
кои се
именуваат со
мандат од 6
години со
можност за
продолжување
на истиот.
Задача на
судот е да
осигури
почитување
на правото
на ЕУ и да
обезбеди
правилно
толкување и
примена на
договорите.
Судот
од прв
степен (Тхе
Цоурт оф
Фирст
инстанце)
го
сочинуваат
по еден
судија од
секоја земја-членка
и има
надлежност
да одлучува
за спорови
покренати
против
институциите
на ЕУ од
страна на
правни и
физички лица
и спорови
меѓу
институциите
и нивните
вработени.
Судот
на Ревизори
(The Court of
Auditors) има по еден
член од
секоја земја
на ЕУ,
именуван за
мандат од 6
години од
страна на
земјите
членки во
договор со
Европскиот
Парламент.
Судот на
Ревизори
проверува
дали
пристигнал
сиот приход
на
Европската
унија и дали
сите расходи
биле
направени “законски
и прописно”,
како и дали
рационално
се раководи
со буџетот
на ЕУ. Судот
на ревизори
има право да
изврши
ревизија на
финансиското
работење на
секоја
организација
што раководи
со фондовите
на Еуи,
доколку е
потребно,
случајот да
го упати до
Судот на
правдата.
Правобранител
на ЕУ
(European
Ombudsman)има улога
на посредник
помеѓу
граѓаните и
властите на
ЕУ. Тој има
право да
прима и
истражува
поплаки од
граѓаните на
ЕУ,
претпријатија
и институции,
и од сите кои
се граѓани и
имаат
легален
престој во
некоја земја
на ЕУ.
Народниот
правобранител
го избира
Европскиот
парламент,
со мандат од
пет години
кој може да
се обнови.
Советодавни
тела:
Комитет
за економски
и социјални
прашања
(The Economic and Social
Committee) е составен
од
преставници
од различни
категории на
економска и
социјална
област.
Комитетот ја
има
функцијата
на
консултант
пред да се
донесат
одлуки како
на пример, за
вработување,
и дава
мислење по
своја
иницијатива.
Комитетот
овозможува
активно
вклучување
на
трговските и
индустриски
синдикати во
работата на
заедницата.
Комитет
на региони
(The Committee of
Regions) е составен
од
преставници
од
регионалните
и локални
власти од
земјите
членки.
Претставниците
ги назначува
Советот или
Комисијата
на предлог
на членките
на Унијата
со мандат од 4
години. Со
Комитетот се
консултираат
Советот или
Комисијата
по прашања
поврзани со
Договорот.
Тела
внатре во
институциите:
Канцеларија
на
европските
општини за
службени
публикации
за ЕЗ,
Канцеларија
на
европските
општини за
избор на
лица
Агенција на
ЕЗ за:
- Заедничка
странска и
безбедносна
политика
- Полициска и
Судска
соработка во
криминални
работи
Финаниски
тела:
Европска
Централна
Банка
Европска
Банка за
инвестиции/
Европски
инвестиционен
фонд
Полиња
на работа на
Европската
Унија:
- Развој на
земјоделството
- Единствен
монетарен
систем
- Политика на
конкуренција
-
Потрошувачи
и заштита на
здравјето на
луѓето
- Култура и
аудио
визуелна
политика
- Царина
- Слободен
пренос на
капитал,
добра и
услуги
- Оразование
и обука на
млади
-
Враборување
и социјални
прашања
- Енергија
- Слобпдно
движење на
луѓе
-
Претприемнишство
- Околина
- Развој на
риболовство
- Здрава
храна
- Странска и
безбедносна
политика
-
Хуманитарна
помош
- Човекови
права
-
Телекомуникации
и
технологија
за пренос на
информации
- Соработка
на полето на
правда и
внатрешни
работи
- Регионална
политика
- Наука,
истражување
и иновации
-
Оданочување
Однос
Република
Македонија
- Европска
Унија
Европската
Унија е
присутна во
Република
Македонија
од 1992 година со
цел:
Да ги подржи
придобивките
кои се
днесуваат на
полето на
демократијата,
преку
јакнење на
административниот
и
интитуционален
капацитет на
државата;
Да помага на
Владата на
централно и
локално ниво
во
олеснување
на
економската
и социјална
трансформација
преку
пазарната
економија;
Да ја
доближи
Република
Македонија
до
Европските
принципи, да
помага во
нејзино
стабилизирање
и вклучување;
Да и помогне
на државата
во нејзините
напори да го
имплементира
Договорот за
Стабилизација
и
Асоцијација.
Тековни
активности
во процесот
на
Евроинтеграцијата
на Република
Македонија
Акционен
план за
имплементација
на
Спогодбата
за
стабилизација
и
асоцијациоја;
Програма за
приближување
на
националното
законодавство
кон
законодавството
на
Европската
Унија;
Имплементација
на
методологијата
за
хармонизација
на
законодавството;
Реализација
на
Стратегијата
за ЕУ обука
на државните
службеници
на Република
Македонија
во процесот
на
приближување
на
Европската
Унија;
Превод на
Европските
прописи;
Координација
на техничка
помош за
процесот на
евроинтеграција;
Следење на
реформите на
јавната
администрација
и изградба
на соответна
инстутуционална
структура.
Поважни
датуми за
Република
Македонија и
процесот на
евроинтеграција
1
992 - За време на
воената
криза во
регионот,
Македонија
прв пат
добива
хуманитарна
помош од ЕКО (ЕЦХО),
како и
значајна
помош од
Програмата
Фаре (Пхаре)
на ЕУ.
1996 - Македонија
добива право
да се
финасира од
програмата
Фаре на ЕУ
1997 - Советот на
Министри на
ЕУ утврдува
политички и
економски
услови за
развој на
билатераните
односи 1
998 - Спогодбата
за соработка
и Договорот
на полето на
транспортот
влегува во
сила во
јануари.
Во март се
отвара
Канцеларијата
на
Постојаниот
пратеник.
1999 - ЕУ предлага
нов процес
за
стабилизација
и
асоцијација
за пет
држави на
Југоисточна
Европа. Во
јуни
заклучоците
за
физибилити
студијата за
почетокот на
преговорите
со
Македонија
се оценуваат
како
позитивни.
2000 - Во јануари
Советот
усвојува
директиви за
преговорите
за
Спогодбата
за
Стабилизација
и
Асоцијација.
Во фебруари
преставнишството
на ЕК во
Скопје е
унапредено
во постојана
Делегација
на
Европската
Комисија, а
во март
Комесрот
Крис Патен
официјално
ја отвори
Делегацијата.
Почеток на
преговорите
помеѓу ЕУ и
Македонија
за Спогдбата
за
Стабилизација
и
Асоцијација
Во јуни
Европскиот
Совет, на
состанокот
во Санта
Мрија де
Феира (Португалија),
истакна дека
и понатаму
ја подржува
целоснта
интеграција
на државите
од регионот
во
политичките
и
економските
текови на
Европа и
потврди дека
сите држави
во регионот
се
потенцијални
кандидати за
членство во
ЕУ.
2001 - По
успешното
завршување
на
преговорите
на Самитот
во Загреб во
ноември,
Спогодбата
за
Стабилизација
и
Асоцијација
е потпишана
во април во
Луксембург.
Истиот ден е
потпишана и
Временската
Спогодба,
која
овозмоува
асиметрични
повластени
трговски
тарифи за
Македонија
со ЕУ,
почнувајки
од јуни.
На 22 март во Даблин
Македонија
поднесе
апликација
за членство
во
Европската
Унија.
Поважни
линкови:
www.europarl.eu.int
www.ue.eu.int
www.europa.eu.int/comm
www.curia.eu.int
www.eca.eu.int
www.ecb.int
www.esc.eu.int
www.cor.eu.int
www.eib.eu.int
www.euro-ombusdsman.eu.int
www.sei.gov.mk
|
|